сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 44

Груевски – Заеднички ќе обзнаниме една нова ера на визија, на акција и на резултати

gruevski-batinci

Поврзани вести

Изборите на 24ти април ќе го отргнат облакот на неизвеснот и ќе го заменат со нов и силен мандат. Со нов ветар во грб, кога сета оваа агонија која ја создадоа ќе биде зад нас, и ќе докажеме на сите дека Македонија е силна и отпорна, и дека никој не смее да го потценува нашиот народ, дека знае што сака и знае кого и зошто го поддржува. Тогаш Владата ќе ја води оваа држава напред во изградба на нашата економија и подобрување на стандардите и условите, рече премиерот Никола Груевски во своето обраќање до јавноста.

Со нетпрение ги чекам сите идни разговори со вас на терен, затоа што тоа е мојот план, да бидам постојано со вас и да разговараме и да се договараме за заедничката иднина на нашата татковина. Ќе споделуваме идеи и планови, проекти, мерки, чекори и мислења како да се подобриме и што дополнително да направиме. Заеднички ќе обзнаниме една нова ера на визија, на акција и на резултати.

Најчитани вести