Груевски: Заев бара нелогични работи за да ги избегне предвремените избори

Обезбедени нови 100 милиони евра за фирмите
Обезбедени нови 100 милиони евра за фирмите

Премиерот Никола Груевски на годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ говорејќи за актуелната политичка криза, рече дека она што е значајно за Македонија е да не му се дозволи на лидерот на СДСМ зоран Заев и на оние околу него да смислат причини за да не се реализира договорот од втори јуни.

– Ве уверувам дека тој ќе направи се за да пропадне договорот, а предвремени избори да нема. Не го интересира ни измени на законот за избори, ни странски набљудувачи, ни пречистување на гласачкиот список, ни ништо. Се тоа му е второстепено. Првостепено што го интересира што е тоа што ВМРО ДПМНЕ неможе да го испорача, за да го побара јавно тоа, и тоа да му биде изговор за одложување на изборите. Затоа што кога во една прилика неодамна му понудив избори оваа есен, и тој ги одби, еден од присутните зачудено му се обрати и му кажа дека тој невидел досега ситуација власта да нуди, а опозицијата да одбива предвремени избори. По правило опозицијата е таа која ги бараа, или барем глуми дека ги бара, им порача истиот. Знаејки дека ќе ги загуби тие избори, Заев бара и ќе бара нелогични работи за кои народот одлучува а не тој. Тој тоа го знае, но тој всушност бара спас од изборите, после кои ќе треба да ја напушти политиката поразен и избркан од народот во Македонија. А истото ги чека они 20-тина што се врткаат околу него кои статираат на неговите прес конференции, рече Груевски.

Тој нагласи дека Македонија ќе продолжи да оди напред. Македонија ќе продолжи да се развива, и економски и демократски.

-Македонија ќе продолжи да се гради. Македонија ќе продолжи со реформите. Македонија ќе ги оствари своите стратешки цели. Ние ќе работиме на што подобри услови за младите во Македонија. На нови работни места, на нови можности за образование, на повисок животен стандард. На влезот во НАТО и ЕУ, на натамошното градење на добри меѓуетнички односи, на борбата против криминалот и корупцијата. На секој поединечен млад човек во Македонија.На неговата иднина, на Вашата иднина, на нашата иднина.Сите заедно ќе работиме на нашата заедничка иднина. УМС ќе работи на иднината на Македонија, на својата иднина, заклучи Груевски.