Груевски: Ако СДСМ достави листи ВМРО-ДПМНЕ на 5- ти јуни ќе ги признае резултатите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по изјавата на лидерот на социјалдемократите Зоран Заев, денес јавно го повика да излезе на избори и даде ветување дека ВМРО – ДПМНЕ ќе ги признае изборите.

Слушнав од медиумите дека господинот Заев кажал дека дека е многу сигурен дека ќе ги добие изборите на 5-ти јуни и дека стравува дали ВМРО-ДПМНЕ кога ќе ги изгубело изборите на 5-ти јуни ќе ги признае и дека затоа не сакал сега да има избори. Колку и да звучи небулозно сето тоа што го кажува, еве јавно го повикувам има доволно време до крајот на денот, слободно да не се плаши од ВМРО-ДПМНЕ дали ќе ги признае изборите или нема, да достави листи. Јавно му ветувам дека ако достави листи ВМРО-ДПМНЕ на 5 јуни ќе ги признае изборите и нема да има никаков проблем, потенцира Груевски.