Груевски: Заев греши што пробува да ги наруши односите со Израел и Кина

Зоран Заев изминативе денови направи две работи. Ја обвини Народна Република Кина, дека преку нивната државна компанија, со која  градат проекти на Балканот, но и низ светот дека влегле во коруптивна зделка со македонската Влада. Значи ај нас што не плука и што му дозволуваме овде на неговите комплекси и фрустрации да ни се качува на глава, туку сега и Кинезите се виновни, па ги загрозува односите со една од најголемите светски сили и постојани членки на советот за безбедност, која не има признаено под нашето уставно име и со која нашата држава има беспрекорни, пријателски, одлични односи, и многу заеднички локални и регионални проекти, рече премиерот Груевски од народниот собир во Тетово и додаде:

„Овој генијалецов од опозицијата, мртов ладен, направи втора огромна грешка, имено, Кинезите очигледно не му беа доволни, туку сакаше и нешто повеќе, па ја обвини Државата Израел дека преку нивното Министерство за одбрана влегла во коруптивни активности со македонската влада. Замислете каков тип. Не е ни чудо што веќе станавме предмет на потсмев како држава, со овие глупости што ги прави овој човек“.

Во првиот случај со народна република Кина, се работи за договори за најголемите проекти кои ги правиме заедно со нив, автопатите за процес на преговарање кој  процес ни овозможи да имаме меѓу најниските цени на чинење на автопат во Европа, појасни Груевски.

– И уште еднаш ќе порачам и на овој експертот за делење тендери на браќата, братучедите, стрините и чичковците,  но и на неговите налогодавачи, Македонија ќе ги продолжи проектите со Кина, затоа што тие се за доброто на Македонија, и ние како влада, ќе  продолжиме генерално со проекти кои значат изградба на нова инфраструктура и подобри услови за живот на граѓаните. Ќе го градиме и автопатот Гостивар Кичево и Македонија ќе се развива колку што може со сиот наш напор, рече Груевски.

Во однос на случајот со Република Израел, освен срамот кој го нанесе Заев на државата и на сите нас, за него лично не говорам, затоа што очигледно овој човек не знае што значи тоа срам, би сакал да го кажам следново. Република Израел има одлични пријателски и партнерски односи со нашата земја, базирани на бројни меѓусебни договори кои меѓусебно како две држави ги имаме потпишано и ние таа соработка ја негуваме и се обидуваме да ја продлабочуваме, рече Груевски на анродниот собир во Тетово.

– Во рамки на таа соработка државата Израел на Македонија и дала огромна помош на различен начин. Еден од тие проекти е и проектот за кој Зоран Заев зборуваше пред некој ден и изнесе лаги и навреди,…. остајте за нас, туку и за нашите пријатели од државните институции од Израел. Без ронка срам човекот кој најави дека кога ќе дошол на влас ќе избркал од работа се од чистачка до министер и ќе си оставел нови од СДСМ,  ги наклевети сите, вклучително и претставниците од министерството за одбрана на Израел кои замислете ги објави со слика, и ги објави нивните лични податоци, срамно и крајно штетно за државата….обвинувајќи не сите за нешто што беше голема помош на Израел кон нас. Значи, Израел донираше 5,7 милиони евра помош за македонската полиција, за македонските специјални сили, а тоа што овој кловн го говореше е класична лага во која веќе и неговите соработници се уверија па мораат да го перат сега на различен начин. Заев издаде државна тајна и објави работи со кои се направи обид да се наштети на македонската полиција и на управата за разузнавање. Од договор и соработка чиста како солза, некој свесно сака да ги саботира односите со нашите пријатели. И утре ваков човек или тие околу него ќе сакаат да водат држава.  Овие не може да водат ни оро а камо ли држава. Па кој сакате после вакви крупни гафови да ги сфати сериозни и да соработува со нив, рече Груевски.