ТОП,Македонија

Груевски: Заев ја става целата држава во залог, не постојат пречки за избори на 24 април

Груевски: Заев ја става целата држава во залог, не постојат пречки за избори на 24 април

Услови за одржување избори на 24-ти април постојат. Ова го истакна премиерот Никола Груевски после вечерашните преговори во резиденцијата на ЕУ во Пржино.

Маратонските преговори доцна синоќа завршија без согласност од сите партии за договорениот датум во април за одржување избори. Опозициската СДСМ застана против датумот 24-ти април како ден за предвремени парламентарни избори во Македонија.

Премиерот Груевски рече дека трите партии (ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА) денеска постигнале договор за одржување на избори и, како што нагласи: Единствено еден човек, кој се вика Зоран, а презиме Заев, не сакаше да има избори.

Тој единствено што бараше е одложување на изборите. Денеска не се говореше за никаква методологија за прочистување на избирачкиот список, ниту за медиумите. Единствено за одложување на терминот за избори. Тој знае дека прочистувањето на избирачкиот список може да се направи за многу кратко. Зоран Заев знае дека само во криза тој е актуелен. Кога нема криза не е актуелен, истакна Груевски.


Премиерот беше категоричен дека можат да се одржат избори на 24 април.

Дека се можни избори на 24-ти април потврди и комесарот Хан и Европската унија и ОБСЕ и ОДИХР. За понатамошните чекори дополнително ќе информираме откако ќе направиме консултација, рече Груевски.

На новинарско прашање дали оставката сè уште важи, тој рече дека таа е депoнирана и дека ќе биде активна на 100 дена пред изборите.

ВИДЕО: Инфомакс