петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Груевски: Заев не може да победи затоа што нема што да понуди

Заев верен на советите од СОРОС- манипулира со лажни изјави на безимени граѓани

Заев верен на советите од СОРОС- манипулира со лажни изјави на безимени граѓанисо договорот од Пржино

Поврзани вести

Во овој момент и самиот Зоран Заев знае дека ќе ги загуби изборите кои претстојат, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

-Зошто Заев не може да победи и самиот е свесен за тоа? Затоа што нема што да понуди, затоа што никој не верува дека тој човек може да биде премиер. Затоа што сите знаат дека тоа што денес го кажува утре нема никаква вредност. Зборот за него не вреди. Тоа е човек кој пред најблиските со гордост вели дека нема проблем да излаже нешто денес и да го заборави утре. Човек кој молел кај странци да ја уназадат Македонија во евроатланските интеграции, само за да може да ја критикува нашата Влада. Човек кој нуди насекаде работи кои не може да ги реализира мислејќи дека ќе прелаже некого да гласа за него. Човек кој лицитира со националните интереси и нуди редефинирање на државата, двојазичност на целата територија на државата, и што уште не, само затоа што мисли дека ќе добие кај едните тоа што не го добил кај другите. Човек што својот град го направи гнездо на семејни тендерски врски, човек чии брат и најблиски роднини  ги земаат сите тендери во Струмица и велат дека нема ништо незаконско во тоа, како што Катица си го вработува внукот и вели дека нема непотизам во тоа, туку тоа било зајакнување на капацитетите. Тој човек се вика Зоран Заев и повеќе од 64 проценти во неговата изборна единица имаат негативно мислење за него, рече Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ говореше за тоа на што се сведуваат овие избори.

-Човек во својот живот честопати се соочува со некаков избор, одбира во кое училиште ќе оди, дали и на кој факултет ќе продолжи, што сака да спортува, што би работел, каде сака да оди на одмор, дали додека игра кошарка или фудбал ќе шутне или ќе ја додаде топката на соиграчот. Сето ова се одлуки, некои поважни, некои помалку важни, но тоа се лични одлуки кои секој од нас ги носи. Изборот за себе значи правец во кој сакаш да оди твојата иднина, твоите планови. Има моменти кога човек се соочува со избор кој навидум делува лесен,  но во суштина е многу тежок, исто како што има одлуки кои изгледаат тешки, но всушност воопшто не се. Така е и со овие парламентарни избори кои се пред нас, изборот е помеѓу две алтернативи. Споредете ги самите. Едната опција која создаваше кризи, и другите кои и покрај се се трудеа да работат, да помагаат, да создаваат, и покрај сите пречки и опструкции. Едните кои сееја омраза и поделеност, и другите кои и покрај се, работеа на конкретни проекти и мерки кои го подобруваат вашиот живот. Едните кои се надеваат некој однадвор да ги однесе на власт, и другите кои се надеваат на довербата народот кој ги гласа, и се трудат да ги исполнат дадените ветувања, рече Груевски.

 

Тој вели дека  секој од нас треба да се праша самиот со која од партиите живее подобро, со кого се чувствува посигурно, кому повеќе верува…

-Со кого ќе ми биде на мене лично подобро, со ВМРО или со СДСМ? Кој ќе сработи повеќе, кој подобро ќе се справи со економските предизвици, кој ќе отвори повеќе нови работни места, ВМРО или СДСМ? Со кого ќе се чувствувам посигурно, кој ќе обезбеди поголема безбедност и лична и национална, ВМРО или СДСМ? Кој има подобар кадар, тим и програма ВМРО или СДСМ? Кој држи повеќе до зборот, до ветувањата, ВМРО или СДСМ? Кој има поголеми успеси во борбата против криминалот и корупцијата, ВМРО или СДСМ? Кој ќе обезбеди  повисоки плати, пензии, социјална помош, на кого повеќе му верувам за тоа, на ВМРО или СДСМ?  Кој ќе биде достоинствен пред уцени, и со кого нема да се срамиме кога еден ден ќе погледнеме назад, кој ќе ги штити државните интереси подобро ВМРО или СДСМ? Во суштина ова е едноставен избор и покрај сложените околности во кои се прави. Избор помеѓу две комплетно различни концепции и избор помеѓу двајца кои се кандидираат за Премиер, мене или Зоран Заев, истакна тој.

Груевски посочи дека на овие избори секој носи одлука по две основи.

-Ова е одлука за себе, за тоа кој може и знае на тебе и твоето семејство да ти овозможи подобар живот и пружи повеќе можности и реши повеќе проблеми. За тоа кој има подобра програма со конкретни мерки, која е реална и нуди решенија на твоите секојдневни проблеми и за која знаете дека со сигурност ќе ја реализира. Кој ќе работи попосветено и ќе отвори можности и ти да работиш? Со кого ти и твоите сте посигурни дека нема да ве остави на цедило и може да се потпрете на него? Кој е поработлив и ќе ја движи државата напред? И од поинаков агол, овие избори се и еден вид на друга одлука.  Одлука за Македонија! За Македонија која не потклекнува пред уцени и сценарија. Македонија која е силна и нема да дозволи да ја држат под постојана тензија, да ја редефинираат и променат на полошо и да си поигруваат со нејзе и со извесноста на нејзината иднина, со нејзиниот суверенитет и државност. Македонија која сака да оди напред верувајќи во сопствените капацитети и вредности. Време е Македонија да продолжи да оди напред. Доста беше криза. Доста ја влечеа државата надолу. Време е да се остави конфликтноста и поделеноста зад нас и да продолжиме напред со силно темпо. Ако верувате во Македонија Вашиот избор е јасен, порача Груевски.

Најчитани вести