Груевски: Заев не отстапува од пазарењето со националните и државните интереси, бидејќи е заглавен во криминал

Причината зошто Зоран Заев не отстапува е многу јасна. Тој е длабоко заглавен во криминал со конкретни случаи, на пример случајот „Поткуп“. Тој е фатен жив како бара мито и како кажува дека на сите им барал мито, тука е и случајот „Цареви кули“, случајот „Пуч“, вели во гостувањето во дневникот на Канал 5 претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

„Тој сака на овој начин да формира влада, по секоја цена тргувајќи со националните и државните интереси, да врши потоа притисок да се заборави неговата одговорност. Клучната причина зошто тој не се повлекува е бидејќи знае што следува во таква ситуација, кога некој политичар ќе направи криминал“, вели Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека има многу примери во светот за тоа како завршиле политичари кои барале мито, на примет случајот во Словенија со Зоран Талер кој доби казна затвор.

„Заев е преплашен за неговата иднина, во однос на одговорноста за постапките кои ги направил. Тој по секоја цена сака одејќи директно против волјата на народот, пазарејќи се со се и сешто сака да го спречи тоа што му следува“, истакнува Груевски.