среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 12

Груевски до Заев: Нема да дозволам да дојдеш на власт без мнозинска поддршка од граѓаните

gruevski_vmrodpmne

Поврзани вести

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска имаше обраќање по повод одлуката за аболиција која ја донесе претседателот Ѓорѓе Иванов.

Груевски го повика лидерот на СДСМ, Зоран Заев да излезе на избори и да се соочи со народот и потенцира дека нема да дозволи остварување на целта на Заев – да дојде на власт без поддршка од мнозинството граѓани во земјава.

-Зоран Заев има една и единствена цел – да дојде на власт без поддршка на мнозинството граѓани на Македонија. Додека стојам нема да ти го дозволам тоа, ни јас ни народот. И самиот си свесен дека народот сака да заврши кризата, престани да ги организираш хулиганите да го реметат мирот на граѓаните. Собери еднаш храброст и излези да се соочиш со народот на избори, на фер и демократски избори. Доста бараш изговори.

Тој ја повика опозициската партија да излезе на избори и да му дозволи на народот да одлучи кој да биде власт, а кој опозиција.

Ги повикувам СДСМ наместо да бараат алиби да излезат на избори. Ако аргументите им се реални, народот ќе им го вреднува тоа. Ги повикувам да излезат на избори и на народот да му дадат шанса да одлучи кој да биде власта кој опозиција. И покрај тоа што не се согласуваме со одлуките на претседателот во духот на она што го кажа, повикуваме на заедничко делување во корист на иднината на земјата и граѓаните, истакна Груевски.

Народот очекува од нас, додаде тој, со смирени глави и мудри одлуки да делуваме за доброто на граѓаните.

-Изминативе два дена гледаме вандализам и намера за продлабочување на кризата од страна на СДСМ. Додека неговите луѓе организираат насилство, тој ладнокрвно повикува на конструктивност, а веќе во втората реченица спомнува дека на државата и следи украинско сценарио, што значи илјадници мртви и повредни, вртоглав пад на економијата и други тешки последици, рече Груевски.

Најчитани вести