Груевски: Заев нема континуитет во ставовите

Она што е чудно кај изјавите на Заев е тоа што нема постојаност тој постојано ги менува, така да не можам да предвидам што ќе се случува, дали тоа што го говори ќе биде така или ќе биде поинаку, нема континуитет не само во изјавите, туку у во дејствувањето пред се, се менуваат тактиките на неколку месеци, се чини без концепт, но тоа е нивна работа, а нашата работа е да останеме посветени и да ги исполниме работи кои што сме им ги ветиле на граѓаните.

Вака ги коментираше премиерот Никола Груевски изјавите и дејствувањата на опозицијата и на лидерот Зоран Заев, додавајќи дека за државата е добро кога има силна опозиција.

Секогаш кога има силна опозиција власта е повеќе фокусирана, и секој притисок од опозицијата значително ја зголемува концентрацијата а тоа е добро за државата и за народот, додаде премиерот во вестите на Сител телевизија.