Груевски: Заев оди против своето членство, затоа што ќе остане без пратеник во Парламентот

Груевски: Заев оди против своето членство, затоа што ќе останат без пратеник во Парламентот
Груевски: Заев оди против своето членство, затоа што ќе останат без пратеник во Парламентот
Со ова СДСМ практично и Заев оди против своето членство, затоа што тие се тие што ќе останат без ниту еден пратеник во Парламентот на Република Македонија. Она што можам да го видам е дека практично во сиот овој период, гледам дека самиот Заев нема капацитет да признае пораз, рече Груевски во Дневникот на Канал 5.

Тој нагласи дека тоа не е нормално за една демократија, тоа ги руши принципите, тоа ја руши државата.

-Сите ние можеме, кога на пример чувствуваме дека имаме помала подршка да бегаме од избори, но тоа не е начин. Јас се сеќавам во 2004 година, анкетите покажуваа дека пред изборите против кандидатот на господинот Кедев за претседателски кандидат имаше предност. Можев да избегам од изборите, можев да најдам милион причин, да кажам дека нема да учествуваме на изборите, меѓутоа влеговме чесно, влеговме со добри идеи, влеговме со цела наша енергија, сите заеднички да се обидеме да го престигнеме резултатот, тоа ме чинеше многу тоа ме чинеше потоа поделба во партијата, излегување на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, рече Груевски.