Груевски: Заев сака да го закрви народот

Институциите се целосно подготвени да дејствуваат разумно, мудро и согласно стандардите, истакна премиерот Груевски при гостувањето во Дневникот на ТВ Сител одговарајќи на новинарското прашање дали институциите се подготвени во пресрет на најавениот протест на 17. мај.

Премиерот воедно апелираше до членството на ВМРО-ДПМНЕ да остане смирено и да не влезе во играта на Зоран Заев, кој сака да се закрви народот.

Тој порача дека целата оваа ситуација мора да заврши со правна разрешница во една независна и транспарентна постапка, како и со политичка завршница во Собранието на Република Македонија.

-Очекувам во судската постапка да се расчисти се. Како се дошло до материјалите, да тоа го препознаат сите. Да се расчисти со обвинувањата од креираните метеријали кои ги пушпта Заев. Тоа мора да се расчисти, потенцира премиерот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.