Македонија

Груевски: Заев сам си ја избриша иднината

Груевски: Заев сам си ја избриша иднината

Никој од нас не избира кога ќе се роди и во какво време ќе живее. Ама кога сме веќе тука, секоја генерација мора да се соочи со предизвиците на времето во кое живее.

Ова го подвлече премиерот Груевски пред преполната сала „Младост“ во Битола.

-Еве не нас пред нов тест. Јас не се сомневам дека ќе го положиме. Ќе стекнеме ново искуство, нова сила, нови сознанија што ќе ни помогне во градење на иднината. Во неа нема да бидат луѓе како Зоран Заев и неговите помагачи и спонзори. Тие самите се избришаа, истакна Груевски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ го знае начинот како ќе се бори за народот и за Македонија.