Груевски: Заев се однесува како грогиран боксер

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски од Крушево посочи дека во неделата народот покажал дека има разлика меѓу Иванов и кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски.

Во неделата Македонија и граѓаните јасно покажаа кому му ја даваат довербата. Граѓаните се решија за Ѓорѓе Иванов, човекот кој покажува стабилност, зрелост, посветеност кога се лобира за Македонија, но и кој е секогаш со народот. Иванов победи со 123.000 гласови разлика пред кандидатот на СДСМ кој, вели е задоволен. А како може да биде задоволен од ваков пораз, забележа Груевски.

Тој потсети дека кандидатот на СДСМ, како претседател на ДИК не реагирал на измамите кога ДУИ полнел кутии.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, како што додаде, не ја почитува волјата на народот.

„Зоран Заев вели дека не ги очекувал тие резултати. Претходно многу викаше, а тој што вика го крие стравот. Сега не личи на себе си. Тој ги потцени граѓаните, кои доброволно, самостојно гласаа и ја негира нивната јасно изразената волја“, рече Грувески.

Заев, според лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, се однесува како грогиран боксер.

„Тој е како грогиран боксер кој претрпел 6-7 нокдауни и сега на 27 април ќе го добие конечниот нокаут од граѓаните. Во паника е. Затоа најавува клевети и монтажи, но ние ќе издржиме уште 10-ина дена. Во ваква ситуација, СДСМ е пред стечај“, подвлече Груевски.

За него, ВМРО-ДПМНЕ е партија која кредибилитетот пред граѓаните го стекна со резултати и дела.

„Гаранција е претходно сработеното и затоа излеговме со отчет. Најголемиот дел од проектите се реализирани, а направено е и тоа што не е ветено“, истакна Груевски.

Тој потсети на проектите што се направени во досегашниот 7,5 годишен мандат, од кои пет години траеше европската криза.

„И во такви услови создадовме 12.000 вработувања, невработеноста падна на 28 проценти. Сега во наредните четири години ќе отвориме нови 64.000 работни места, невработеноста ќе се намали за уште шест проценти, се намалува ДДВ-то за туристичките услуги, за земјоделците се плаќаат субвенции. Во 7,5 години се исплатени 550 милиони евра, лани извозот на земјоделски производи беше рекордни половина милијарда евра, субвенции за набавка на земјоделски машини, пензиите пораснаа за 64 проценти, со самовработување се вработија 5.800 луѓе“, потсети Груевски.

Со новите 2.046 проекти, тој вети дека ќе се обезбеди натамошниот развој на држвата