четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 1

Груевски: Заев се спаси од казна, а за него имаше непобитни докази

Жалиме што оваа одлука значи ослободување од гонење на Зоран Заев и Зоран Верушевски, како и неколкумина други нивни соработници. Овие двајца луѓе, ставајки се во туѓ интерес, и нанесоа огромна штета на државата и народот, и тие требаше да одговараат.

zaev-telma-prizna-caush

Поврзани вести

Жалиме што оваа одлука значи ослободување од гонење на Зоран Заев и Зоран Верушевски, како и неколкумина други нивни соработници. Овие двајца луѓе, ставајки се во туѓ интерес, и нанесоа огромна штета на државата и народот, и тие требаше да одговараат.

Ова го изјави во своето обраќање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Против Зоран Заев има легално прибавени цврсти докази за случајот Поткуп, заради што тој ги избегнуваше рочиштата и бегаше од судот. Не треба многу да говорам за случајот Поткуп затоа што толку многу е јасно и видливо што Заев правеше, така што се им е јасно на луѓето. Против Заев имаше и процес за случајот Пуч. Исто како и против Зоран Верушевски, со цврсти и легално прибавени докази. Колку и да бегаа од судот, колку и да сметаа на подршката на СЈО,  доказите за овој случај, за прислушкувањето со помош на агентите на Верушевски, кои континуирано со години организирано вршеле прислушкување и урнисување на државата, беа непобитни, рече Груевски.

Најчитани вести