среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 58

Груевски: Заев знае дека ако имаше избори неговата политичка кариера ќе завршеше

zaev-spasovski

Поврзани вести

Заев реално добро знае во каква каша ја доведе и земјата и себеси. Се надева на тоа дека тој што го донесе дотука и ќе го извлече. Тој знае дека не само што не сме готови, туку ако излезеше на избори сега, тој ќе беше готов како политичар. Ќе ја завршеше политичката кариера.

Ова меѓу другото го вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју за порталот  Телеграф.мк.

Заев реално добро знае во каква каша ја доведе и земјата и себеси. Се надева на тоа дека тој што го донесе дотука и ќе го извлече. Тој знае дека не само што не сме готови, туку ако излезеше на избори сега, тој ќе беше готов како политичар. Ќе ја завршеше политичката кариера. Тоа едвај го чекаат многумина во СДСМ кои имаат подобра политичка процена, дека со него на чело, освен правење штета, не може да се дојде на власт.

Сега, со одлагање на изборите малку му олесна. Купи малку време за правење нови пакости и манипулации, вели Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека откако операцијата со т.н. „бомби“ не успеа да го смени јавното мислење, сега последна надеж му е специјалното јавно обвинителство.

И тука да бидам јасен. Ние ја поддржуваме институцијата СЈО. Затоа и гласавме за неа. Ние поддржуваме идеја за независно тело во кое веруваат и опозицијата и меѓународниот фактор, да ги истражи работите докрај со кои Заев лани се обиде да нè прикаже во друго светло од она кое сме реално. Сакаме докрај да се расчистат работите, затоа што знаеме дека сме невини по обвинувањата што ни ги препиша претседателот на СДСМ со неговата валкана операција за која јасно ми кажа дека му ја обезбедила некоја странска разузнавачка служба. Нешто што го виде и слушна цела Македонија.

Но луѓето во ова тело во изминатите 6 месеци покажаа премногу слабости и премногу непрофесионално однесување за да не ја изразиме нашата разочараност и загриженост. Ние сме мала земја, мал главен град, секој некако за секого брзо дознава како се однесува и какви намери има. За жал, професионален однос, непристрасен пристап, непартиска институција, пресумција на невиност, еднаков пристап кон сите и други такви правични и професионални стандарди, ние не гледаме кај повеќето од тие луѓе и всушност гледаме сè обратно од ова, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Најчитани вести