Груевски засади дрвце во Струмица

дрвце

Во оваа 17 акција по ред ќе бидат заседени 2,6 милиони дрвца. Досега во претходно спроведените беа засадени 35 милиони садници. Ова е многу благородна акција бидејќи придонесува за заштита на животната средина и за збогатување на шумскиот фонд на државата. Иако фокусот овој пат на акцијата е Скопје, во оваа акција ќе бидат опфатени и повеќе други населени места во државата, рече Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој е носител на изборната листа за пратеници во Изборната единица 4 денеска ќе ги посети населените места Куклиш и Банско каде пред локалните жители ќе зборува за Изборната програма “Реално“ и проектите предвидени за реализација.