Груевски: Желбата за избори на СДСМ е она од типот- барам избори, но молам Бога да не ги добијам

ВМРО-ДПМНЕ е демократска партија, народна партија, партија која знае што е одговорност, која интересот на државата и нацијата го става на прво место, која сака земјата да ја внесе во ЕУ и НАТО. Партија која сака мир, економски успех, нови работни места, нови инвестиции, натамошен пад на невработеноста, натамошен напредок на демократијата, добри односи со соседите, зајакнување на демократските институции, судството, медиумите, и се друго што ја зацврстува државата и нејзиниот севкупен напредок, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето обраќање на прославата по повод 26. роденден на партијата.

Партија која правела и ќе прави реформи во сите свери со цел континуирано зајакнување на демократијата, на медиумите, на судскиот систем, безбедносниот систем, образованието, здравството, земјоделството, економскиот и финасискиот систем, еколошките стандарди, социјалните политики, условите за правење бизнис и отворањето на нови работни места. И ние сакаме тоа да биде полето на политичка борба, и политички натпревар, а не кој повеќе згради ќе офарба, или повеќе закани ќе испрати, притисок врз судот ќе изврши, или инциденти ќе непарави, или некаква улична сила ќе покаже, или навреди и клевети ќе изрече, потенцираше Груевски.

Ние сме партија, додаде тој, која сака да промовира инклузивност во секој поглед.

Независно што ние на последните избори во 2014та добивме најмногу гласови во историјата на партијата, се согласивме опозицијата за да се чуствува по сигурно да влезе пред изборите во владата, но тие тоа го злоупотребија.  Затоа сега сме повнимателни, иако сеуште отворени за инклузивност и заедничко работење на реформите и напредокот. Сите позначајни закони и одлуки сакаме да се носат низ процес на консултации и дијалог со опозицијата, и тоа го покажавме во изминатиот период, а ќе го покажеме и во иднина. Но, опозицијата треба да созрее, и нашата добра воља и чуство за одговорност да не го злоупотребува. И најсмешната работа во оваа ситуација е што одвреме навреме Зоран Заев ќе излезе на телевизија, и ќе каже дека нешто победил, извојувал битка, одржал збор, како кажал-така биднало, и слично, и сето тоа пропратено со некој добро одглумен победнички однос, небаре народот незнае, дека типот е само фигура во ,,куклениот театар,, на оние кои ја водат играта. И кои се толку многу посилни од него, што мора и тие меѓусебе слатко да се смеаат кога го слушаат ,,нашиов херој“, подвлече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, рече Груевски, нивната желба за избори е она од типот барам избори но молам Бога да не ги добијам.

 Час велат сакаме брзи избори веднаш, час дека морале да имаат повторно 6 месечна пржинска влада. Час признаваат дека прашањето за регулацијата на медиумите за време на избори се реши со измените на законот за избори кои заедно ги изгласавме пред неколку месеци, час ги слушаме велат, медиумите биле пречка за изборите. Јавно зборуваа имало 500 илјади фантомски гласачи на ВМРО, а таму кога има состаноци се збори за некои 36 илјади гласови кај кои требало да се направи проверка, а кои повеќе од пола се од албанска националност. И ајде нека се направи на колку сакаат на толку. Ама не се прави, бидејки потоа ќе немаат каде. Ќе треба навистина избори оваа есен.

Груевски јавно ги повика членовите на ДИК, да направат каква сака СДСМ-таква проверка на гласачите, и да не губат ни ден.

Јас знам дека сите проверки се детално направени и се е чисто, ама еве да им го избиеме тоа алиби на СДСМ, пак нека направат, по терк, по методологија каква тие скаат, иако и методологијата по која веќе сенаправија проверките беше пприфатена и потпишана од СДСМ. За медиумите, за изборниот период заедно усвоивмезаконски измени и тој не е спорен ни од СДСМ, така што тоа не ги загрозува изборите. За после изборите, која земја од ЕУ сакаат нека ја посочат како најнапредна во овој дел, нејзиниот закон да го превземеме. По фер понуда, здравје.Единствено бараме од СДСМ да се откаже од идејата за воведување цензура во медиумите, и од желбата тие да бидат главен цензор во земјата и да кажуваат како новинар да мисли и да пишува и говори, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.