четврток, 8 декември 2016  |  Вести денес: 0

Груевски: Зголемување на пензиите и платите во јавниот сектор за 10,25 отсто

Програмата е детално попишана на 500 страници која содржи проекти кои се реално остварливи, порача лидерот на партијата Никола Груевски.

gruevski-vmro-dpmne-768x427

Последни вести

Програмата со која ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи на претстојните предвремени парламентарни избори се вика „Реално“. Програмата е детално попишана на 500 страници која содржи проекти кои се реално остварливи, порача лидерот на партијата Никола Груевски.

Во програмата е предвидено зголемување на пензиите и платите во јавниот сектор.

-За подобрување на стандардот на населението предвидуваме зголемување на платите во јавниот сектор за вкупно 10,25%, во јануари 2018 и во јануари 2020 година, по 5%. Пензиите ќе се зголемат за вкупно 10,25%,и тоа  во септември 2018 година и во септември 2020 година, по 5%,  рече Груевски.

Тој рече дека тоа е нивната програма, која е убедливо најобемната и најдобра досега, која во себе содржи над 500 страници на проекти и прецизни роковии буџети. Едноставно, додаде тој, ова е програма за сите оние Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци, Власи и останати кои сакаат да живеат во унитарна и суверена Македонија, а не во држава со кантони, федерални единки.

 

Најчитани вести