четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 37

Осум милиони евра за изградба на втората фаза од жичарата на Водно

vodno_zicara

Последни вести

Осум милиони евра за изградба на втората фаза од жичарата на Водно. Овој проект, кој е дел од владините ветувања за време на овој 4-годишен мандат би требало да почне да се гради напролет.

Премиерот Никола Груевски истакна дека во подготовка се процедурите за започнување со втората фаза од жичарата, која ќе се протега од средно Водно до болницата Козле.

Ние веќе ја подготвуваме тендерската документација и најдоцна до нова година, некаде во текот на месец декември, ќе излезе јавниот повик за изведувач на втората фаза на оваа жичара. Првата фаза беше 1.560 метри. Таа беше од врвот на Водно, од делот кај што е крстот, до средно Водно. Втората фаза ќе биде 1.600 метри и таа ќе биде од средно Водно до болницата Козле. Во иднина е можна и трета фаза, но сега засега одиме на втората фаза, чијашто проектна вредност е 8 милиони евра. Очекуваме некаде во декември да се објави јавниот повик за изведувач, во февруари да се избере изведувач и некаде на пролет или летото да започне изведбата на втората фаза вредна околу 8 милиони евра. Она што сакам да го потенцирам е дека видовме од првата фаза дека интересот на граѓаните за користење на жичарата е огромен и задоволството е огромно, истакна премиерот.

Тој потенцираше дека од средината на 2016, па најдоцна до крајот на 2017, се планира да се изгради уште толку колку што е досега изградено, дури и малку повеќе должина на жичарницата од Водно до детската болница Козле.

Најчитани вести