Група Бугари осомничени за продажба на бебиња во Грција

бебиња

Според весникот, полицијата во грчкиот град Катерини започнала истрага за 13 илегални посвојувања во што била вклучена криминална група од шест лица по потекло од Бугарија.

Грчката полиција наведува дека групата, кој десјтвувала во претходните три години, пронаоѓала бремени жени од Бугарија со тешка материјална положба и ги убедувала да им ги продадат своите новороденчиња.

Осомничените организирале префрлување на жените во Катимерини, каде престојувале до нивното породување, кое било извршувано во клиники во реонот на овој грчки град. По породувањето, бебињата биле продавани на Грци кои намаат деца во северна Грција и во Атина,

Според полицијата, во периодот од октомври 2013, па до мај 2015 година, на овој начин биле извршени вкупно 13 илегални посвојувања на штотуку родени бебиња.

Покрај шестмината организатори на илегалната продажба на бебиња, со истрагата се опфатени и 13 жени од Бугарија на возраст од 23 до 44 години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.