Група момчиња оштетиле полициско комбе кај ГТЦ

Четири момчиња ноќеска завршија во полициска станица откако оштетиле полициско комбе паркирано пред Градскиот трговски центар, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, во станицата во Центар приведени се Ј.М. (26), Д.Т. (22), К.Л. (19) и С.В. (22) сите од Скопје поради тоа што околу 4,30 часот го оштетиле полициското возило. Зошто и како момчињата го вандализирале возилото засега не е познато.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.