„Група на народни борци“ презеде одговорност за нападот врз израелската амбасада во Атина

Организацијата „Група на народни борци“ презеде одговорност за нападот врз израелската амбасада во Атина на 12 декември минатата година, објави грчкиот сајт „њуз.ин“,пишува МИА.

Изјавата е пронајдена вчера на УСБ стик на организацијата оставен во канта за отпадоци во атинскиот кварт Неа Смирни. Претходно непознато лице телефонски го информирало „Весникот на уредниците“ за точното место на кое е оставен УСБ стикот.
„Групата на народните борци“ е организација, што презема одговорност и за нападот врз резиденцијата на германскиот амбасадор во Атина во 2013 година, а исто така и за нападот врз централната канцеларија на партијата Нова демократија во грчкиот главен град.
Нападот врз израелската амбасада е извршен два дена по смртта на палестински министер за време на судирите на Западниот брег. Тогаш во Грција имаше повеќе протести против политиката на Израел на Западниот брег и Појасот Газа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.