Свет

Група од 75 мигранти пресретнати на брегот на Италија

Група од 75 мигранти пресретнати на брегот на Италија

Група од 75 имигранти, кои се превезувале со јахта која пловела под бугарско знаме, биле пресретнати рано изутринава од крајбрежна патрола во близина на италијанскиот брег, пренесе МИА.

На јахтата се наоѓале 58 мажи, седум жени и 10 деца. Се претпоставува дека имигрантите се државјани на Авганистан, Сомалија и Ирак.

Пловниот објект прво бил забележан од исландски авион на Агенцијата за контрола на надворешните европски граници (Фронтекс). За време на операцијата за пресретнување на јахтата биле идентификувани тројца трговци со луѓе, кои се од украинско потекло, и веднаш биле уапсени.

Имигрантите со брод на граничните патроли биле префрлени во италијанското пристаниште Санта Марија ди Леука, во јужната провинција Лече. Сите се во добра здравствена состојба и се сместени во бегалскиот камп Дон Тонино Бело во градот Отранто.