Група Охрид: Македонија е на вистинскиот пат

Не многу луѓе гледааат кон Западниот Балкан, а би требало. Ние сме мала група која ќе се обиде да го смени тоа. Тука сме за да помогнеме, а многумина од нас инвестиравме многу труд, време, енергија и емоции во изминатиов период во Македонија, изјави лордот Џорџ Робертсон, претседателот на неформалната Група Охрид на панел дискусијата на која пристуствуваа и членовите на групата Ален Ле Роа, Росен Плевениев, Роберт Гелбард и министерката Радмила Шеќеринска.

Во своето обраќање, поранешниот престедател на Бугарија, Плевенлиев истакна дека му претставува чест учеството во оваа група на како што ги нарече мудри луѓе кои веруваат во мир и просперитет. Тој рече дека сликата за Балканот се менува и дека повеќе не е место на поделби и војни кои носат само нестабилност и сиромаштија и ги пофали амбициите на Владата, но и на граѓаните.

Дипломатскиот тешкаш Ален Ле Роа, се присети на 2001 година и кризата во Македонија период во кој беше назначен за специјален претставник на ЕУ во државата и го потенцираше постигнатиот напредок оттогаш. Ле Роа му оддаде почит на поранешниот претседател Борис Трајковски за улогата во решавањето на конфликтот. За него нема сомневање дека местото на Македонија е во ЕУ и во НАТО.

Американскиот дипломат Роберт Гелбард, еден од клучните луѓе во американската дипломатија во ерата на претседателот Клинтон, смета дека владеењето на правото е императив бидејќи тоа ќе привлече инвестиции. Членството во ЕУ и НАТО отвара можности кои треба да се искористат а за Македонија смета дека има реални шанси да биде лидер во регионот.

Групата Охрид ги најави своите следни чекори по Самитот во Софија а претседателот, лорд Робертсон, соопшти дека ќе отворат канцеларија во Скопје за подобар и непосреден контакт.