Група разбојници нападнале тетовец, му зеле 2.700 евра

Група разбојници нападнале маж од Тетово, одземајќи му 2.700 евра.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера, околу 16.30 часот на градскиот стадион во Тетово од група разбојници бил нападнат 56-годишниот  В.Д.

Непознатите насилници прво физички го нападнале, а потоа му одземале поголемо количество пари во различни девизи.

Со плен од 2.700 евра разбојниците побегнале, а оштетениот побарал полициска помош.

Тетовската полиција работи на расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.