Група што подготвувала напади врз туристи откриена во Мароко

Мароканската полиција уапси седум членови на „терористичка ќелија“, која планирала киданпирања и ликвидации на туристи во Мароко, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи во Рабат.

Во соопштението се наведува дека уапснате лица и „се заколнале на верности на џихадистичката група Исламска држава.

– Тие планирале терористички операции, вклчително и киднапирање и физички ликвидации на туристите кои ги посетуваат летувалиштата (во Мароко), како и напади врз лица кои се непријателски расположени кон нивните уверувања, се додава во соопштението.

Полицијата, како што јави Фена, тврди дека уапсените минале обука во терористички камп во планинскиот регион близу Беркане во источниот дел на Мароко.

Според разузнавачки информации, во редовите на џихадистите се борат над 1.000 Мароканци, што предизвикува сериозна загриженост кај мароканските власти.