Македонија,Економија

Групација Триглав го усвои Деловниот план за следната година

Групација Триглав го усвои Деловниот план за следната година

На тринаесеттата седница одржана оваа година, Надзорниот одбор на „Заваровалница Триглав“ одржа дискусија и ја усвои деловната политика и деловниот план за 2014 година. И покрај тешките економски услови на пазарите што ги покрива, Групацијата „Триглав“ очекува да оствари добри и стабилни резултати. Нето добивката на водечката осигурителна групација во Адриа регионот за 2014 година е планирано да изнесува 65,6 милиони евра, додека консолидираната бруто полисирана премија 902,1 милиони евра. Комбинираниот количник ќе достигне 96,3 отсто. Во 2014 година, Групацијата ќе се фокусира на основната осигурителна дејност, како и на остварување профитабилност и сигурност во работењето. 

Стратешките почетни точки и цели на Групацијата „Триглав“ за периодот од 2013 до 2017 година ја претставуваат основата за изготвување на деловниот план на Групацијата „Триглав“ за деловната 2014 година. Покрај тоа, деловниот план го одразува и пазарниот потенцијал и условите за конкуренција на пазарите на кои работи Групацијата. Исто така ги одразува и предвидените макроекономски движења за 2014 година.

Нето добивката на Групацијата Триглав за 2014 година е планирана на 65,6 милиони евра, додека деловниот резултат пред оданочување е поставен на 75,9 милиони евра. Во согласност со планот, комбинираниот количник на Групацијата ќе достигне 96,3 отсто во 2014 година. Капиталот на Групацијата „Триглав“ е планирано да достигне 606,1 милиони евра. И покрај тешките економски услови, Групацијата „Триглав“ планира да оствари 902,1 милиони евра во консолидирана бруто полисирана премија.

Со оглед на случувањата во изминатите години и зголемената фреквентност на штети од големи катастрофи (град, поплава, луња, итн.), Групацијата очекува благо зголемување на обемот на штетни случувања во 2014 година и согласно на тоа предвидува количник на штети од 67,5 отсто.

При планирањето на оперативните трошоци за 2014 година, мерките на рационализација, поточно намалување на трошоците ќе бидат првенствено фокусирани на видовите трошоци кои не се директно поврзани со осигурување. Во 2014 година, осигурителните друштва на Групацијата „Триглав“ се очекува да направат бруто оперативни трошоци во износ од 232,4 милиони евра.