Групацијата „Триглав“ 2013-та ја заокружи со добри резултати

Групацијата „Триглав“ во  текот на минатата година продолжи да ја реализира својата стратегија, која што се темели на фокусирање на основната дејност на осигурување, профитабилност и сигурност во работењето. Групацијата „Триглав“ и покрај тешките економски и финансиски услови во 2013-та работеше добро.

Групацијата „Триглав“ го задржа високото ниво на профитабилност и финансиска стабилност, што беше потврдено и од страна на агенциите за проценка на бонитет, „Standard & Poor’s“ и „A.M. Best“, кои Заваровалница Триглав и Позаваровалница Триглав Ре ја оценија со бонитетна оцена „А-“, со стабилна среднорочна прогноза.

Проценетиот деловен резултат на Групацијата Триглав пред оданочување изнесува 83,6 милиони евра, што е седум отсто пониско во однос на 2012 година, а воедно 21 отсто над планираното. Проценетиот нето деловен резултат на Групацијата Триглав изнесува 69,9 милиони евра, што во однос на 2012-та претставува пад од пет отсто, но е 27 отсто над планираното.

Продолжувањето на економската криза и понатаму влијае на обемот на фактурирана премија од осигурување на Групацијата Триглав, која според првите оцени изнесува 900,9 милиони евра и, споредено со 2012 година, е за четири отсто пониска.

Постигнатиот комбиниран количник, со кој се мери успешноста на осигурителната компанија  во нејзината основна дејност, на ниво на Групацијата Триглав е оценет со вредност од 91 отсто што е за 3,7 процентни поени подобро од планираното. Оценетата рентабилност на капиталот на Групацијата „Триглав“ изнесува 12 отсто.