Македонија,Економија

Групацијата Триглав го задржа високиот кредитен рејтинг од бонитетната куќа S&P

Групацијата Триглав го задржа високиот кредитен рејтинг од бонитетната куќа S&P

Агенцијата за кредитен рејтинг Standard & Poor’s Ratings Services, ја потврди постоечката оцена “А-“за долгорочен кредитен рејтинг и финансиска моќ на групацијата Триглав. Со тоа агенцијата Standard & Poor’s Ratings Services ја потвдри оцената “А-“ за долгорочниот рејтинг и финансиска моќ на Заваровалница Триглав, како и на нејзиното зависно друштво Позавароалница Триглав РЕ. Кредитните рејтинзи на Заваровалница Триглав и Позаваровалница Триглав Ре имаат стабилни среднорочни изгледи.

Групацијата Триглав, односно Заваровалница Триглав и Позаваровалница Триглав Ре имаат иста оцена за кредитен рејтинг како и Република Словенија, со тоа што средорочните изгледи за Групацијата Триглав се стабилни, додека пак за Република Словенија се негативни. Имајќи ја во предвид праксата во меѓународното финансико опкружување, одржувањето на висок кредитен рејтинг на Групацијата Триглав и покрај негативните среднорочни изгледи за Република Словенија претставува вистинска реткост и е резултат науверението на бонитетната куќа S&P дека Групацијата Триглав е способна да ги сочува стабилната позиција на пазарот, солиднатаадекватност на капиталот и високатапрофитабилност.