Одлична можност за влез во групите на ЛШ ќе имаат и условно кажано “помалите” екипи

Начинот на ждрепка за плеј офот во ЛШ ќе им овозможи и на "помалите" одлична шанса за пласман во групната фаза

Со одигрувањето на реванш натпреварите од третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, познати се сите 20 тима кои ќе се борат за последните десет места кои водат во групната фаза од најелитното европско натпреварување.

Одлична можност за влез во групите на ЛШ ќе имаат и условно кажано “помалите” екипи, бидејќи во последната рунда ќе играат меѓу себе. Ова значи дека одредени тимови кои биле шампиони, но доаѓаат од послаби првенства, нема да “налетаат” на тимови Манчестер Јунајтед, Лацио, Валенсија итн., односно тимови кои не биле шампиони но доаѓаат од најсилните лиги во Европа.

Ова практично значи дека Аријан Адеми со Динамо Загреб не би можел да налета на ривал што е дел од европската елита, но како можни противници ги има Партизан, БАТЕ Борисов, па дури и албанскиот Скендербег, кој оствари историски успех во ова натпреварување.

Ждрепката на двојките од баражот за влез во ЛШ е закажана за петок, со почеток во 12 часот.

ПАТ НА ШАМПИОНИ: АПОЕЛ, Астана, БАТЕ Борисов, Селтик, Динамо Загреб, Базел, Партизан, Малме, Макаби, Скендербег.

ПАТ ПРЕКУ ЛИГА: Валенсија, Манчестер јунајтед, Баер Леверкузен, Лацио, Спортинг Лисабон, Шахтјор, ЦСКА Москва, Бриж, Рапид Виена, Монако.