Групна тепачка на средношкоци во автобус

Вчера во градски автобус со број 50 се случиле групна тепачка меѓу средношколци.

Во близина на автобуската постојка, кај клучка „Дијамант“, поточно пред средното училиште „Боро Петрушевски“ учениците без никаков повод и причина почнале вербална расправија, кој прераснала во тепачка.  Возачот на автобусот, застанал на постојката, ги отворил вратите и почнал да ги разделува учесниците во тепачката.Тој не успеал во обидот, а дел од средношколците се симнале и почнале да флаат камења и тврди предмети кон автобусот, при што  е скршено стаклото од  предната врата.

Веднаш, по дознавањето за настанот на лице место пристигнале четири тима на „Алфа“ единицата за прв одговор и интервенција, кои привеле осум малолетници, а тројца малолетници кои избегале, а учествувале во тепачката, со своите родители дошле во полициската станица „Гази Баба“.

Двете групи изјавиле дека не се познаваат од претходно и никој не знаел да каже  зошто се степале