Групна тепачка во Аеродром

Синоќа околу 22,15 часот во Скопје на бул.„Јане Сандански“бр.65, поточно на паркингот пред продавницата „Стокомак“, К.М.(1996) од Скопје, кога влегол во ПМВ„Форд Ескорд“ заедно со неговите другари Т.Н.(1996) и Д.М.(1999), двајцата од Скопје, во еден момент се приближила група на младинци околу 15-20 НН машки лица на возраст од 14 до 16 години, по што едно машко лице се одвоило од групата и се доближило до наведеното ПМВ, и со дрвена палка почнало да удира по задната шофершајбна, при што од вториот удар се искршило стаклото и се распрскало по задното седиште каде седел К.М., кој со рацете се заштитил, по што тројцата излегле од возилото, а лицето со трчање се приближило до групата и потоа сите се разбегале во непознат правец. Со стореното дело сторителот причинил материјална штета од 16.000 денари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.