Македонија,Крими хроника

Групна тепачка во автобус на ЈСП, деветмина приведени

Групна тепачка се случила вчера во автобус на ЈСП со број 64 на автобуска постојка на Партизанска.

Автобусот сообраќал на релација Транзитен центар Скопје – село Никиштани. Тепачката  настанала помеѓу две групи на лица на возраст од 15 до 20 години. Приведени се девет лица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Четири лица се пожалиле на повреди при што на истите им се констатирани телесни повреди.