Македонија,Крими хроника

Групна тепачка во гостиварско

Групна тепачка  во селото Долна Ѓеновица, гостиварско.

Вчера, поради меѓусебни недоразбирања по кратка вербална расправија настанала тепачка помеѓу две групи, од едната страна Д.Н.(76), А.Е.(24) и Ќ.Џ.(22) и од другата страна Ш.Ш.(48), Н.Ш.(42) и Е.Ш.(17) сите од село Долна Ѓеновица.

Од тепачката со телесни повреди се здобиле лицата А.Е. и Ќ.Џ., на истите им е укажана лекарска помош во клинката во Гостивар, додека Д.Н. поради сериозност на повредите е пренесен во Клинички центар Скопје.