Групна тепачка во Нерези, приведени петмина

Доцна попладнево, нешто пред 18 часот, на булеварот Партизански одреди во населбата Нерези, се случила групна тепачка помеѓу две групи. Поради нарушување на јавниот ред и мир, полицијата набргу интервенирала и пет лица се веќе приведени на распит во полициската станица во Карпош.

Според неофицијални податоци, има и повредени, но повеќе детали полицијата најавува за подоцна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.