Групна тепачка во Кочани, играле и ножеви

Групна тепачка во Kочани резултирала со пресметка со разни алати и ножеви.

На улицата „Стамен Манов“ настанала тепачка помеѓу О.А.(40), Е.А. (27) и Ј.М.(64) од една страна и нивните соседи Е.Ј.(35), Р.Ј.(33) и З.Ј. (55) од друга страна, сите од Кочани.

Во тепачката лицата употребиле лопата, вила, рачка од земјоделски алат и нож, а со убодна рана во пределот на десната плешка, скршено рамо и нагмечување по телото се здобил О.A., додека со телесни повреди се здобиле Е.A., З.J. и Р.J.