Групна тепачка во средното медицинско училиште во Скопје

Групна тепачка се случила вчера во дворот на средното медицинско училиште Панче Караѓозов во Скопје.

Тепачката избила помеѓу лицата О.Љ. (16) од с.Љуботен и А.К. (16) од с.Рашче од една страна и лицата Е.С. (18) од с.Крушопек, С.И.(18), Е.С.(18) од с.Сингелиќ, Ф.Б.(18) од с.Арачиново, З.Р. (17), Б.Н.(18) од с.Чифлик, М.Џ.(18) сите од Скопје. Во тепачката лицата си размениле по неколку удари со тупаници и клоци во пределот на главата и телото. Причина за тепачката е меѓусебно нетрпение.

Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.