Групна тепачка во Гостивар: Повредени 70 – годишен старец и 24 – годишно момче

Седумдесетгодишен старец и 24-годишно момче се повредени во групна тепачка што вчера настанала во Гостивар.

Вчера околу 13.30 часот во Гостивар на булeвар „Браќа Ѓиноски“ настанала вербална расправија помеѓу лицата Е.А. (70) од село Топлица од една страна и Х.Р. (49) и Х.Б. (24), двајцата од село  Добридол, од друга страна.

Расправијата прераснала во меѓусебна тепачка, при што биле користени тврди предмети од двете страни.

При тепачката Е.А. се здобил  со телесни повреди расекотини во пределот на главата, а Х.Р. се здобил со скршеница на десен лакт.

На истите им била укажана лекарска помош во Медицинскиот Центар во Гостивар, по што се пуштени на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската Станица во Гостивар. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.