Грузиец подметнал фалсификувани 60.000 евра во Македонија

Возрасен државјанин на Грузија е осомниечен дека во изминатиот неколку месечен период во Македонија разменил фалсификувани евра во вкупен износ од 60.000 евра.

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „измама“ и „фалсификување пари“, Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.Р.(69) од Грузија.

Пријавениот, казнените дела ги сторил на седми ноември минатата година во една менувачница на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Тој, на вработениот во менувачницата му побарал да размени пари во вкупен износ од 60.000 евра.

При размената на парите, пријавениот искористил прилика и на вработениот му вратил, во плик, фалсификувани евра, во износ од по 500 евра, а потоа си заминал.

Во моментот на размената на пликоата со пари, вработениот не ја забележал измамата но по извесно време тој ги проверил парите и притоа утврдил дека се фалсификат.