Гуадрадо достапен на Барса и Јунајтед за 50 милиони евра

Сопственикот на италијанскиот калчолигаш Фиорентина, Андреа Дела Вале откри дека колумбискиот интернационалец Хуан Гилермо Гуадрадо ќе биде продаден за време на летниот преоден рок.

Првиот човек на “виолетовите” потврди дека офанзивниот бек, кој може да игра и на крилните позиции е ставен на трансфер листа и дека ќе биде продаден на првиот клуб кој ќе испрати официјална понуда не помала од 50 милиони евра.

„Не сме заинтересирани за никаква замена на фудбалери, на комбинирана понуда, пари и фудбалер. Гуадрадо ќе биде продаден на првиот клуб кој ќе испарти официјална понуда не помала од 50 мил. евра. Само ако добиеме таква понуда ќе седнеме на преговарачката маса. До овој момент, Фиорентина нема добиено таква понуда”, изјави Дела Вале.

Колумбискиот интернационалец веќе подолг временски период важи за голема желба на каталонскиот гигант Барселона и на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, но двата клуба се подготвени да одвојат околу 30 мил. евра за неговите услуги.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.