Гуадрадо достапен за 20 мил. фунти

Барселона, ПСЖ и Јувентус добија сериозна конкуренција во актуелниот лидер во англиската Премиер лига, тимот на Ливерпул кога е во прашање потписот на колумбискиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Фиорентина, Хуан Гуадрадо.

Крилниот напаѓач е меѓу најзаслужните за одличната сезона на Фиорентина која е четвртопласирана во италијанската Серија А и ќе биде дел од финалниот натпревар во Купот на Италија.

Репрезентативецот на Колумбија веќе има изјавено дека е среќен во Фиренца, дека ужива на “Артемио Франки” но и дека во игра се сите можни опции, дури и таа за промена на клупската средина за време на летниот преоден рок.

Кога е во прашање потписот на 25-годишниот фудбалер, победник во таа трка ќе биде првиот клуб кој ќе го прифати побараното обештетување од 20 мил. фунти, обешетување кое не би требало да биде некаков проблем за челниците на Ливерпул, ПСЖ и Јувентус.