Гуарин на крај ќе заврши во редовите на Галатасарај

Актуелниот шампион на Турција, тимот на Галатасарај, најверојатно ќе биде следната дестинација на проблематичниот колумбиски интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Интер, Фреди Гуарин.

Италијанските медиуми потврдија дека новиот сопственик на „нероазурите”, Ерик Тохир веќе остварил контакт со челниците на Галатасарај, а зелено светло за реализиација на овој трансфер веќе има дадено и тренерот на “жолто-црвените” од Истанбул, трофејниот италијански стручњак, Роберто Манчини.

Од продажбата на крилниот напаѓач, кој веќе неколку дена одбива да тренира со првиот тим, Интер очекува заработувачка од најмалку 15 мил. евра.