Гуча: Возачите без алкохол добиваат подароци

На улиците на Гуча каде што е во тек Соборот на трубачи, сообраќајната полиција и Апатинската пиварница минатата ноќ ги контролираа сите возачи и им проверуваа алкохол во крвта. Сите што имале нула промили добивале подароци.

Настанот беше во организација на Апатинската пиварница во рамките на акцијата „Кога пијам не возам“.Возачите кои не пиеле биле наградувани со алкометри.

Во синоќешната акција, оние кои биле под влијание на алкохол биле исклучени од сообраќај, а кога Соборот ќе заврши ниту еден нема да замине неисконтролиран.