Гугл прославува полнолетство

Гугл денеска стана полнолетен, а своето влегување во светот на возрасните го прослави со свечено видео полно со балони.

Самото видео потсетува на некоја пауер поинт презентација од некои дамнешни времиња, а во него Гугл признава дека немаат поим зошто денеска го слават роденденот.

Низ годините датумот на нивниот роденден се менуваше, а денешниот ден го користат од 2006 година. Годината пред тоа го прославуваа 26 септември, а претходно актуелни беа и 8 и 8 септември. Но нема некоја посебна причина зошто токму денешниот ден би бил посебно важен.

Лари Пејџ и Сергеј Грин домеинот Гугл го регистрирале на 15 септември 1997 година, а една година подоцна ја покренаа и компанијата.

Но кој и да е датумот на нивниот роденден, во меѓувреме тие станаа една од најголемите и најуспешните компании во светот.