„Гугл“ собира и удвојува донации за бегалците

„Гугл“ собира и удвојува донации за бегалците. На пребарувачот денес има посебна алатка со која директно можете да донирате сретства за бегалците.

Гугл организираше собирање и парични средства од самите жители, кои можат да се уплатат на нивните страници. За секоја уплатена донација, Гугл од свој џеб ќе уплати уште толкав износ, и тоа за првите пет милиони евра, додека не се соберат вкупно десет милиони евра во донации.

„Гугл“ собира и удвојува донации за бегалците
„Гугл“ собира и удвојува донации за бегалците

Сите уплатени средства Гугл по пат на својата организација „Network for Good“ ќе ги проследи на непрофитни организации, кои им помагаат на мигрантите и бегалците.

Европа, Северна Африка и Блискиот Исток, се соочуваат со бран бегалци што би можел да се претвори во голема хуманитарна криза, а се смета дека оваа ситуација е најсериозна таква криза уште од Втората светска војна.

Поради тоа од „Гугл“ реагираа и упатија милион евра донации на организациите кои на терен се грижат токму за мигрантите на тие подрачја.