Магазин

Гугл ток престанува со работа

Гугл ток престанува со работа

Една од најпопуларните апликации за Windows, Google Talk и официјално ќе прекине да работи на 16 февруари.

Иако од неодамна не постои официјална страница каде може да се преземе оваа корисна апликација, сепак корисниците пронаоѓаа начин да стигнат до неа и да ја инсталираат на своите компјутери.

Тимот на Гугл испрати порака до сите корисници на Google Talk со цел навреме да се префрлат на новата Google Hangouts која доаѓа инсталирана на сите Андроид паметни телефони.

Но зошто корисниците ја сакаа Google Talk, а не новата Google Hangouts?

На Windows, во реално време покажуваше кога ќе добиете нова пошта.

Едноставна, брза, прегледна.

Иако Google Hangouts има модерна мобилна верзија, сепак за да ја користите на Windows потребно е да имате Google Chrome, а таа доаѓа како негов додаток, што значи пребарувачот треба да ви е постојано активен.