Гујаш: Европа треба да биде благодарна, бидејќи Македонија иако не е членка на ЕУ ги брани границите од мигрантите

 

Доколку се постави прашањето зошто ние сме тука, тогаш одговорот ќе биде дека ние сакаме да помогнеме кандидатот за градоначалник да стане градоначалник, а кандидатите за советници да станат советници, истакна претседателот на владејачката унгаска партија Фидеш, Гергеј Гујаш кој присуствуваше во понеделникот вечерта на почетниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.

„Но имаме уште една подлабока порака за Македонија, тоа што е 8 септември 1991 година тоа е за нас Унгарците 2 мај 1992 година и пред скоро една четвртина од векот успеавме да ја вратиме назад нашата слобода и суштина на тоа е да се даде можност на унгарскиот народ во Унгарија и на македонскиот народ во Македонија сами да одлучуваат кои ќе ги претставува во нивните претставничките тела. И заради тоа ние и пред изборите и по изброите ги отфрламе сите влијанија кои не се прифатливи за нас“, потенцираше Гујаш.

Рече дека Европа треба да е благодарна на Македонија, бидејќи и покрај тоа што земјата не е членка на ЕУ ги брани границите на ЕУ.

„Има држави којшто одамна се членки на ЕУ, но не се порготвени на тоа, на крајот им посакувам многу успех на сите кандидати и на Македонија и посакувам на самитот на ЕУ Унгарија да биде претставена од Виктор Орбан, а Македонија од премиерот Никола Груевски“, рече Гујаш.

 

 

„Ние Унгарците и Македонците сме братски народи, ние сме браќа од причина што имаме скоро исти успеси во спортот и ракометот. Ви честитаме за победата на фајнлфор турнирот“, истакна потпретседателот на пратеничката група на Фидеш, Жолт Немет.

„Но ние сме братски народи и поради што тоа што знаме дека нас како народи ќе не зачува нашиот јазик, култура и нашето разбирање. Историјата не научи на тоа и доколку научиме да ја зачуваме историјата тогаш таа ќе го зачува и нашиот народ и затоа ја почитуваме македонската нација. Ние не сме само братски народ ние сме и соборци, бевме соборци кога требаше да се бориме против турската империја и кога требаше да се бориме против комунизмот, а сега се бориме против илегалната миграција. И денес 30 унгарски полицајци служат на јужната граница на Македонија и ви се заблагодаруваме што толку херојски ја продолжувате таа борба. И покрај тоа што ние сме братски народ ние и ФИДЕС и ВМРО-ДПМНЕ сме братски партии и сме членки на најголемата народна групација во Европа, тоа се народните партии“, потенцираше Немет.

Истакна дека ние ја претставуваме Македонија во ЕУ и ние сме претставници на демократијата во ЕУ, а токму поради тоа ние сме надежта за евроатланска Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.