Ѓукановиќ победник на претседателските избори во Црна Гора, според проекциите

Мило Ѓукановиќ најверојатен победник на претседателските избори во Црна Гора, покажуваат првите проекции објавени во неделата вечерта.

Според проекциите на невладиниот Центар за надзор и истражување (ЦеМИ), Ѓукановиќ би можел да добие 53,5 отсто од гласовите, со што има голема предност пред својот главен противкандидат Младен Бојаниќ кој може да се надева на 34,1 отсто.

Ѓукановиќ беше шест пати премиер и еднаш претседател на Црна Гора, почнувајќи ја кариерата во текот на распадот на поранешна Југославија во 1991 година.

Претседатели на Црна Гора досега уште беа и Момир Булатовиќ во два мандата и Филип Вујановиќ во три мандата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.