вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 0

Ѓулен е уверен дека САД нема да го екстрадираат во Турција

Исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го обвини дека е одговорен за обидот за пуч на 15 јули, изрази увереност дека САД нема да го екстрадираат во Турција, пренесува МИА.

gjulen

Последни вести

Сосема е јасно дека тоа барање е политички мотивирано и јас верувам дека фактите ќе го потврдат тоа. Многу пати го осудував обидот за воен преврат и категорично отфрлам дека сум вмешан во него, изјави Ѓулен во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“.

Според него, би било „предавство“ на најдлабоките вредности, кои тој ги проповеда, доколку некој што ги читал неговите трудови, ги слушал неговите предавања или ги споделува неговите гледишта, е вмешан во обидот за преврат во Турција.

Во меѓувреме, Ѓулен го обвини Ердоган и неговата партија дека по долг период на управување страдаат од „труење со власт“.

Сега гледам дека премногу сум им се доверувал. Жалам што им верував дека се искрени во своите ветувања, додава Ѓулен.

Најчитани вести