Ѓулен негира вмешаност во атентатот на рускиот амбасадор

Турскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого турските власти го поврзаа со убиството на рускиот амбасадор во Анкара Андреј Карлов, го осуди атентатот и ги отфрли обвинувањата дека движењето кое го предводи стои зад ова убиство.

Во видео обраќањето кое е доставено до агенцијата АП, Ѓулен ги обвинува турските власти дека лажно го обвинуваат и клеветат неговото движење, сугерирајќи дека токму Анкара би можела да создаде услови за други убиства и за тоа да ги обвини неговите приврзаници.

Ѓулен кој живее во САД оцени дека турските власти е невозможно да го убедат светот со таквите обвинувања.

Рускиот амбасадот Карлов беше убиен со огнено оружје на почетокот на оваа недела на изложба во Анкара од Мевлут Мерт Алтинташ, полицаец кој не бил на должност.

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјавил дека Алтинташ е поврзан со движењето на Ѓулен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.